Translating:How to start/mk
Како да започнете
- Направете сметка на translatewiki.net
За да почнете, најпрвин ќе ви треба корисничка сметка. Таа се прави за помалку од една минута и служи за следење на она на коешто работите.
Кога правите сметка, ќе добиете некои пробни превди за да се осигураме дејка имате основни познавања од јазиците. Ова не се преводи кои фактички се објавуваат, туку одат на споредба со постоечки преводи направени од доверливи корисници. Дури потоа ќе ја добиете можбости за переведување во живо. Ова значи дека пораките што ќе ги преведете ќе се користат во следната надградба на програмот/мрежното место!
Општење
На „Support“ можете да поставите какво било прашање или да дадете предлог.
Порталот на вашиот јазик на поредникот (како на пр. Portal:mk за македонски) е главното место кајшто ќе најдете информации и статистика за активности на дадената јазична заедница. Овде можете да општите со други преведувачи на истиот јзик, да дискутирате за поимите што се користат итн.
Special:WebChat ве поврзува со нашиот канал на IRC преку вашиот прелистувач. Повеќе помош со ИРЦ ќе најдете на m:IRC. Накратко, таму можете да разговарате во живо со програмерите и персоналот на translatewiki.net, под претпоставка дека сме таму во тоа време.
Почнете со преведување
Штом че ја добиете дозволата за преведуање, најкверојатно ќе пристапите на преведувачката алатка. таму се наведени сите групи на пораки што ги имаме на располагање. Највеќето преводи се вршат со оваа алатка. Погледајте го упатството.
Погледајте ја и проектната страница за програмот што го преведувате — таму можеби ќе најдете важни напатствија и совети. Проектните страници имаат врски во краткиот опис на врвот од преводната страница.