Вовед
Следен чекор | Како да почнете |
---|
Вовед
Тука на translatewiki.net градиме и постојано подобруваме инфраструктура за лесно преведување на отворени проекти и слободни пишани документи. Се стремиме да ги постигнеме нашите две цели.
Нашата прва цел е ефикасност. За да ја зголемиме ефикасноста на процесот, ние потесно се интегрираме во развојниот процес на програмската опрема, за да имаме кратки обртни периоди. Покрај ова, развиваме алатки за автоматизација на интеграцијата на преводите. Ова им олеснува на поединечните преведувачи, и со тоа им остава да се концентрираат само на најдобрите можни преводи.
Нашата втора цел е соработка. Целиот систем е изграден на вики. МедијаВики е популарен вики-погон кој овозможува основа за градење на колаборативни заедници. Им препорачуваме на преведувачите меѓусебно да си помагаат, преминувајќи ги проектните рамки и јазичните граници на повеќе начини, и да играат улога на врзивен материјал помеѓу изработувачите и преведувачите.
Не треба да знаете да програмирате. Ако сте запознаени со вики-програмот, тогаш брзо ќе научите како да го користите translatewiki.net. Единственото што се бара е добро владеење на јазици, прелистувач и отворен ум.
Главниот проект на translatewiki.net – МедијаВики – моментално се користи на повеќе од 300 јазици. Translatewiki.net секој месец добива поднови на над 100 јазици.