Преведување:Вонмрежно
Ова е помошна страница за корисниците кои сакаат да работат на преводи неприклучени на семрежјето.
Во Службена:Преведување можете да извезете група пораки во „.po/gettext“-податотека и да преведувате во неа вонмрежно. Можете да ги подигнете или увезете преводите ако имате статус на вонмрежен преведувач (можете да поднесете барање за таков статус откако ќе докажете дека сте доверлив мрежен преведувач). Ако поднесувате преводи првпат, збијте ја gettext-податотеката и испратете ја по е-пошта на „translatewiki МАЈМУНЧЕ translatewiki ТОЧКА net“, наведувајќи го вашето корисничко име на translatewiki.net. Вашиот прв поднесок ќе ви го увезе некој од нашите технички лица.
За сите други технички предлози, предупредувања и напомена за употребата на вонмрежното преведување, погледајте ја документацијата.
Стискајќи на врската подолу ќе добиете образец за преземање на податотеката. Оваа податотека е кодирана во UTF-8. Изберете формат за вонмрежно преведување.
Горенаведените врски се предвидени посебно за MediaWiki. На Special:LanguageStats можете да појдете на било која група и таму да одберете „Export“, а потоа „Export for off-line translation“ за да извезете во gettext.